ВМРО-ДПМНЕ НЕ МОЖЕ ДА СОРАБОТУВА СО НЕКОЈ КОЈ СОРАБОТУВА СО ДУИ Муцунски е разочаран од Таравари

Муцунски истакна дека владејачкото мнозинство е сосема стабилно и нема дилема околу тоа, иако лидерот на опозицијата ја политизира темата.

1,482

Вечерва во ,,Тема на денот”, на телевизија Сител, гостуваше министерот за надворешни работи и надворешна трговија и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и говореше за ситуацијата со Вреди.

Тој истакна дека заедничка беше борбата помеѓу другото ДУИ да се испрати во опозиција, меѓутоа сега кога ДУИ секојдневно се обидува да разгори етнички тензии, секој оној кој ќе работи во прилог на ДУИ, работи против интересите на граѓаните и државата, и ВМРО-ДПМНЕ не може да соработува со такви политички актери.






Муцунски истакна дека владејачкото мнозинство е сосема стабилно и нема дилема околу тоа, иако лидерот на опозицијата ја политизира темата.

Тој додаде дека анкетите на јавното мислење го означуваат тоа, а граѓаните на претстојните локални избори ќе го искажат својот став за партиите од власта и опозицијата.

– Факт е дека во Вреди има една специфична состојба. Навистина сум разочаран од некои од појавите кои што ги има таму, посебно земајќи го предвид фактот дека сите заедно, меѓу другото, работевме и превземавме чекори за политичката партија која што ја имаше киднапирано државата со криминални дејствија и со масовни злоупотреби, тоа е политичката партија ДУИ да ја пратиме во опозиција и сметаме дека тоа беше еден позитивен чин за целокупното македонско општество – изјави Муцунски.

Муцунски потенцираше дека ДУИ сега откако е во опозиција секојдневно се обидува да создаде слика на борба помеѓу Македонци и Албанци, иако тоа не е реалноста и Владата  испорачува конкретни резултати.

– Проблемот кој што општеството го имаше беше со ДУИ не со Албанците, и колку и да сакаат тоа да го претстават како некоја реалност на терен тоа не е фактичката состојба. Имаме владино мнозинство и влада која што испорачува резултати по различни области, која што се бори против сите оние феномени каде што предвесник беше ДУИ и СДСМ. Сега повторно некој да превзема дејствија кој што им помагаат на таквите дестабилизирачки фактори во македонското општество е погрешен начин на работење и е спротивно на оние европски вредности за кои што сите зборуваме – изјави министерот.

Муцунски објасни дека е разочаран од Арбен Таравари поради неговите дела со кои само им помага ДУИ да функционира на терен.

– Навистина сум разочаран, бидејќи за Арбен Таравари, како човек како мој колега имам позитивно мислење и тој е некој со кој што треба да соработуваме и треба да градиме иднина напред. Но, истовремено сум разочаран кога гледам како неговите дејствија единствено што прават на терен го потпомагаат функционирањето на ДУИ на терен. Се надевам дека коалицијата Вреди ќе успее да најде заеднички јазик, но секако со вакво ДУИ и со секој кој што соработува со вакво нереформирано ДУИ, не сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да соработува – заклучи Муцунски.

Поврзани содржини