📷 ТАА ГО ЛЕКУВАШЕ ВО ИТАЛИЈА, ТОЈ ЈА ДОЧЕКА ВО ШТИП Средба на Симон со лекарката што му го спаси животот

Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе професорката Сузана Езпосито во Штип. Ѝ се заблогодарив на проф. д-р Сузана Езпосито за сѐ што е направено за Симон и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија, објави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на социјалната мрежа Фејсбук.

3,220

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија, каде што се лекувал штипјанецот Симон Крстев, кој беше еден од 193-те повредени во трагедијата во Кочани, денеска дошла во Штип да го посети Симон, на покана на неговите родители, објави на својот профил Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство (ФЗО).

Симон, во соработка со Цивилната заштита на Италија, на 18 март, 2 дена по трагичниот настан во кој во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 62 лица, бил пренесен во Италија.






„Младиот Симон Крстев од Штип е еден од повредените во трагедијата во Кочани. На 18 април, во соработка со Цивилната заштита на Италија, пренесен е во Италија, во Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова. Примен е со „хемиска пневмонија“ и со изгореници од втор степен. Симон добива сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот оддел и тогаш родителите на Симон ја покануваат проф. Сузана Езпосито (Susanna Esposito), директорка на клиниката, да ги посети во Штип. Денеска проф. Сузана Езпосито го посети Симон во Штип. Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе проф. Сузана Езпосито во Штип. Ѝ се заблогодарив на проф. д-р Сузана Езпосито за сѐ што е направено за Симон и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија!“, посочи Клековски во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Поврзани содржини