ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА ТРИ ВОЗИЛА Итна помош и пожарникари интервенираа кај Делчево

Од Итната медицинска помош во Делчево констатирале дека три лица се во добра состојба по првичните прегледи, а други две се испратени во болници во соседните градови за подетални испитувања.

5,779

Поради сообраќајна несреќа во близина на месноста Стамерски Преод, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево – Берово. Според првични информации, во несреќата учествувале три возила, а на местото на настанот излегле Итна медицинска помош и екипа на ТППЕ Делчево, при што од страна на медицинскиот тим констатирани се повреди кај пет лица.

– Имаме донесено пет повредени лица, по првичните прегледи тројца се во добра состојба, додека двајца од повредените ќе бидат препратени во блиските болници во соседните градови за доутврдување на повредите – истакнаа од Итната медицинска помош.






На местото на настанот се и екипи на делчевската полиција кои вршат увид. Повеќе информации за причините на несреќата најавија во текот на денот. Алтернативен патен правец за сите кои сообраќаат кон Пехчево и Берово е стариот пат преку с.Тработивиште.

Поврзани содржини