28 ЛОКАЛИ ДОБИЛЕ ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА За еден месец се извршени 297 инспекции

Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови, соопшти на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Марија Митева.

154

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по трагедијата со пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, од 17. минатиот месец до вчера извршил 297 надзори кај угостителски субјекти, диско-клубови, ресторани, кафе барови, кабареа, гостилници и издал 360 прекршочни платни налози, 28 решенија за привремена забрана на дејност, 12 за отстранување неправилности.

Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови, соопшти на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Марија Митева.






Надзорите се однесувале во однос на исполнувањето на минимално-техничките услови и други одредби предвидено согласност Законот за угостителска дејност.

– Издадени се вкупно 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност од 3 милиони 436 илјади денари, 28 решенија за привремена забрана за вршење на дејност кои вршеле дејност без лиценца или пак без исполнување на минимално-технички услови и 12 решенија за отстранување на неправилности за прекршоци утврдени согласно Законот за угостителска дејност. Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 субјекти констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови последниот извештај којшто го дадовме пред јавноста беа 15, денеска веќе се 17 и за истите е доставена информација до министерството за економија и труд – рече Митева.

Како што соопшти Митева, кај седум објекти се отстранети неправилностите и на барања е извршена дополнителна контрола која покажала дека се отстранети недостатоците, за што информации се доставени до ресорното министерство. Останатите правни субјекти кои немале активна лиценца или поднеле барање до Министерството за економија и труд и не вршат дејност во моментов се под постојан мониторинг и за нив ќе се преземат соодветни мерки согласно закон.

Митева информираше дека контролата сè уште е во тек и како Влада очекуваат детален извештај од сите девет одделенија на ДПИ надлежни на територија на Македонија за овие 297 контроли и на правните субјекти да им бидат доставени во текот на следната недела.

 

 

Поврзани содржини