НАЈЛОШОТО ДОПРВА ДОАЃА Мерц стравува од понатамошна дестабилизација на пазарите

Шефот на германската ЦДУ, Фридрих Мерц, смета дека обновувањето на меѓународната конкурентност на Германија треба да биде главен приоритет во коалициските преговори меѓу конзервативците и социјалдемократите.

478

Шефот на германската ЦДУ, Фридрих Мерц, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.

– Пазарите се во драматична состојба и постои закана од понатамошна дестабилизација – рече Мерц.






Тој нагласи дека сега „поважно од кога било е Германија што побргу да ја врати меѓународната конкурентност“, а и дека ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.

Мерц е за пониски даноци, намалување на бирократијата и за пониски цени на енергијата.

КОЛКУ ЛИ ЌЕ ПОСКАПИ ЕДЕН РОЛЕКС ВО САД? Швајцарските часовници ќе чинат ѓавол и пол со новите царини

Поврзани содржини