ПОЗНАТА ЛАТИНО АКТЕРКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО СВОЈОТ ДОМ Ја нарекуваа латинската Мерилин Монро, а еве по кои улоги остана запаметена

Актерката Синдијана Сантанџело почина на 59-годишна возраст. Синдијана Сантанџело некогаш беше позната како латинската Мерилин Монро, а веста за нејзината ненадејна смрт шокираше многумина.

2,712

Актерката Синдијана Сантанџело почина на 59-годишна возраст. Синдијана Сантанџело некогаш беше позната како латинската Мерилин Монро, а веста за нејзината ненадејна смрт шокираше многумина.

Брзата помош пристигнала на нејзината адреса во Малибу во понеделникот попладне откако била повикана. Иако актерката веднаш била пренесена во болница, тие можеле само да констатираат смрт, пренесува ТМЗ.

 







Како што понатаму се наведува, замениците на шерифот на округот Лос Анџелес веднаш отишле во болница, каде што им било кажано дека актерката примила инјекција за разубавување непосредно пред смртта во нејзиниот дом.

Нејзината смрт е под истрага, а официјалната причина сè уште не е позната.

Таа се здоби со популарност во 1989 година кога се појави во музичко видео, а на големото платно се појави во „Одделението за убиства“, во кој глумеше и Харисон Форд.

Таа имаше забележителна улога во серијата „Брачни води“, а се појави и во сериите „Место на злосторството: Мајами“ и „Ургентен центар“.

 

Поврзани содржини