ЗА ЕДЕН ДЕН ЗАРАБОТУВА МИЛИОНИ Руски продуцент го откри хонорарот на Милош Биковиќ во Русија
Рускиот продуцент Сергеј Дворцов зборувал за хонорарите на 37-годишниот српски актер Милош Биковиќ, познат по бројните серии и филмови кои уриваат рекорди на гледаност во Русија.
Рускиот продуцент Сергеј Дворцов зборувал за хонорарите на 37-годишниот српски актер Милош Биковиќ, познат по бројните серии и филмови кои уриваат рекорди на гледаност во Русија. Тој рекол дека Биковиќ во моментов е еден од најбараните и најуспешните актери во руската кинематографија.
За рускиот „Пасија“, Сергеј раскажал дека за еден ден снимање, Милош Биковиќ добива од 3 до 4 милиони рубљи (од 33.000 до 44.000 евра). Тој додал дека српскиот актер многу заработува и од реклами, но смета дека неговиот финансиски успех е сосема оправдан.
Руските медиуми пишуваат дека популарноста на Биковиќ во таа земја е толку голема што веќе напишаните сценарија може да се сменат за да се прилагодат на него. Претходно беше објавено дека сценариото за филмот „Црвена свила“ требало да се преработи за актерот да ја прифати главната улога.
Милош Биковиќ е роден на 13 јануари 1988 година во Белград. Кариерата ја започна во тинејџерски серии, но на пошироката публика и стана познат по улогата на Александар Тирнаниќ во филмот „Монтевидео, Бог те видео!“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ, што му донесе голема популарност во регионот.
Потоа продолжи со забележителна кариера во Русија, каде глумеше во серија успешни филмови и стана едно од најбараните имиња во руската филмска индустрија. Течно зборува руски и често соработува со руски режисери и актери. Покрај актерството, тој е активен и како продуцент преку сопствената продуцентска куќа, „Архангел студио“.
Според многумина, најзгодниот српски актер е во врска со Ивана Малиќ, млада адвокатка од Црна Гора, со која на почетокот на минатата година доби син. Тој за првпат ја претстави својата девојка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветар 2 – Забрзување“ во 2021 година.