ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот за хаосот на улицата Мирче Оровчанец

Проблемот се појавил откако граѓани што живеат во близина на градилиштето пријавиле дека бетон истекол од објект на јавна површина, предизвикувајќи блокирање на главната канализациска мрежа. Општинската инспекција реагирала уште пред десетина дена и изрекла глоба за изведувачот на градежните работи.

3,106

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа итна средба со менаџментот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за да се најде решение за затнувањето на фекалната канализација на улицата Мирче Оровчанец.

Проблемот се појавил откако граѓани што живеат во близина на градилиштето пријавиле дека бетон истекол од објект на јавна површина, предизвикувајќи блокирање на главната канализациска мрежа. Општинската инспекција реагирала уште пред десетина дена и изрекла глоба за изведувачот на градежните работи.






По барање на Општина Центар, службите на „Водовод и канализација“ излегле на терен и утврдиле дека проблемот е предизвикан од неадекватно изведена градежна работа од страна на инвеститорот. Според неофицијални информации, инвеститорот самиот ќе ја санира штетата, а доколку има потреба, ќе добие поддршка од јавното претпријатие.

Од Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат со активно следење на ситуацијата и тесна соработка со надлежните институции за целосно решавање на проблемот и спречување на дополнителни последици за граѓаните.

Партијата Левица ја обвинува фирмата „ЕУРОВИА“ за кршење на градежните правила на улицата Мирче Оровчанец. Според нив, во текот на градежните работи биле забетонирани цевките за фекалната канализација, што довело до опасност од излевање на фекалии во домовите на граѓаните.

Од Левица прашуваат како е можно оваа грешка да остане без интервенција од страна на општината, додека граѓаните се изложени на ризик. Партијата побара инспекција на терен и забрана на понатамошни градежни активности, предупредувајќи на можни финансиски и здравствени последици. Советниците на Левица ќе инсистираат на строги казни за инвеститорот.

Поврзани содржини
na