ЈА ТЕПАЛЕ СОПРУГОТ И БРАТ Ѝ Двајца мажи претепале 25-годишна жена, полицијата веднаш реагираше

Двајцата осомничени биле повикани на службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

753

25-годишна жена од скопско село пријавила дека била жртва на семејно насилство, откако на 10 март 2025 година била физички нападната од сопругот Ј.К. (28) и од нејзиниот брат Н.В. (33).

Како што соопшти полицијата, случајот бил пријавен на 13 март во 19:30 часот во СВР Скопје. Двајцата осомничени биле повикани на службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.






Надлежните институции продолжуваат со истрагата, а на жртвата ѝ е понудена соодветна помош и поддршка.

Поврзани содржини