СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА Руската амбасадорка избркана од изложба во Софија

Од Националната галерија велат дека Митрофанова не добила лична покана за изложбата, но не можело да биде спречена да посетува јавни места.

2,475

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, беше исфрлена од галерија во Софија со скандирања „Ова не е Москва“.

Изненадена од реакцијата, таа ја напушти салата, јавија бугарски медиуми.






Во Националната галерија „Квадрат 500“ синоќа беше отворена провокативна изложба на жени со маски на горила кои се борат за родова еднаквост.

„Уметноста да се биде непослушен“ ги вклучува најзначајните дела на групата „Герила девојки“.

Од Националната галерија велат дека Митрофанова не добила лична покана за изложбата, но не можело да биде спречена да посетува јавни места.

Поврзани содржини