САКААТ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ВРЕМЕТО НА НАПОЛЕОН Некои луѓе не седат мирни, вели Путин

Рускиот претседател истакна дека на Русија и е потребна верзија на мир во Украина која ќе обезбеди стабилен развој и мир за Русија.

728

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека има луѓе во светот кои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, но забораваат како заврши тој историски настан.

– Сè уште има такви кои не можат да седат мирни, има луѓе кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како заврши – рече Путин за време на состанокот со вработените и штитениците на фондацијата „Бранители на татковината“, пренесоа руските медиуми.






Тој истакна дека на Русија и е потребна верзија на мир во Украина која ќе обезбеди стабилен развој и мир за Русија.

Поврзани содржини