📷 📽️ ЗОШТО КАЈЛИ ЏЕНЕР СЕ ПРЕМЕСТИ НА ОСКАРИТЕ Прво седеше со своето момче Тимоти Шаламе, а потоа…

Многу обожаватели на ријалити ѕвездата Кајли Џенер забележале дека таа ја променила позицијата на седење пред водителите на Оскарите да го прогласат најдобриот актер.

384

Ноќта на Оскарите, актерот Тимоти Шаламе дојде во придружба на својата девојка, Кајли Џенер, но и со својата мајка. Тимоти беше еден од номинираните на Оскарите за најдобра машка улога.

Многу обожаватели на ријалити ѕвездата Кајли Џенер забележале дека таа ја променила позицијата на седење пред водителите на Оскарите да го прогласат најдобриот актер.

 







Таа претходно седеше до нејзиното момче Тимоти Шаламе. Имено, таа се преселила за да ѝ направи место на неговата мајка Никол Фендер.

Ова беше нејзиниот знак на почит кон Никол. Семејството се надеваше дека ќе добие Оскар, но тоа не се случи. Златната статуетка ја доби Адриен Броди, кој глумеше во филмот „Бруталист“.

„Тимоти не ја замоли Кајли да го смени местото со мајка му, но таа мисли дека тоа е прекрасен и внимателен гест“, открил извор за „Пејџ сикс“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)


Тој додаде дека и покрај се, Кајли е исклучително горда на својот партнер. Шаламе беше номиниран за улогата во „A Complete Unknown“.

Гласините дека Шаламе е во врска со Кајли Џенер почнаа да се шират кон средината на 2023 година. Тие првпат се појавија заедно на концерт на Бијонсе во Инглвуд. Иако важат за еден од најпопуларните парови во Холивуд, тие ги чуваат деталите од јавноста.

Поврзани содржини