ДУИ ПОДГОТВУВА БОЈКОТ И ПРОВОКАЦИИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Вреди го прашува Ахмети дали Груби го уценува со „бомби“?

Тие што некогаш се фалеа дека не се плашат ниту од бомбите од 2001 година, денес се сведени на тоа да им се тресат колената од политичките бомби на Артан Груби, соопшти Вреди.

591

ДУИ е свесна дека има само еден начин да го избегне поразот: да ги бојкотира локалните избори и да провоцира тензии на денот на гласањето, предупредува коалицијата Вреди.

„Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат. Самиот Али Ахмети призна од Липково дека ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Што покажува ова? Дека ДУИ нема ниту идеи, ниту програма, ниту нови луѓе – туку само страв од уценување.
Оваа партија, која две децении ги држеше Албанците како заложници со лаги и политички манипулации, денес е заробена од една врхушка потопена во корупција и во паника. Сега не одлучуваат повеќе ниту нивното членството, ниту гласачите – ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби“, соопшти Вреди.






Тие што некогаш се фалеа дека не се плашат ниту од бомбите од 2001 година, денес се сведени на тоа да им се тресат колената од политичките бомби на Артан Груби, се додава во соопштението.

„Дали Артан Груби е авторот на сценариото за бојкот на локалните избори? Со што Артан Груби го држи ова раководство на ДУИ во заложништво? Албанците треба да ја знаат вистината! Времето на ДУИ заврши – никој нема да ги спаси од казната на народот“, соопшти Вреди.

Поврзани содржини