НЕМА ГАРАНЦИИ ЗА ВОЕНА, ТУКУ ЗА ЕКОНОМСКА БЕЗБЕДНОСТ Објавени првите детали од новиот договор меѓу САД и Украина
Ставот на САД ќе биде дека тие кои негативно дејствувале кон Украина во војната не би требале да имаат корист од нејзината обнова, пишува Блумберг.
САД ќе се обврзат на „слободна, суверена и сигурна“ Украина и „траен мир“ како дел од договорот за минералите. Ова се првите детали за нацрт-договорот за минералите помеѓу САД и Украина, што ги објави Блумберг.
Според неименуван извор, новиот нацрт е речиси договорен и Украина чека одговор од САД.
„Ставот на САД ќе биде дека тие кои негативно дејствувале кон Украина во војната не би требале да имаат корист од нејзината обнова. Текстот на договорот не е финализиран и сè уште би можел да се менува“, вели неименуваниот извор.
Според него, САД наместо воени гаранции нудат „гаранција за економска безбедност“.
Украина инсистираше на официјални американски безбедносни гаранции во договорот за минералите и покрај тоа што Вашингтон ја отфрли таквата опција, наведе неименуваниот извор.
Администрацијата на Трамп неколку пати повтори дека за украинската безбедност првенствено треба да се грижи Европа.