ФИЛМОТ „КОНКЛАВА“, ТИМОТИ ШАЛАМЕ И ДЕМИ МУР ГЛАВНИ ПОБЕДНИЦИ Синоќа се доделија наградите САГ
Филмот „Конклава“ синоќа ја освои главната награда од Здружението на холивудските филмски актери (САГ), а актерот Тимоти Шаламе во улогата на Боб Дилан ја доби наградата за најдобар актер.
Филмот „Конклава“ синоќа ја освои главната награда од Здружението на холивудските филмски актери (САГ), а актерот Тимоти Шаламе во улогата на Боб Дилан ја доби наградата за најдобар актер.
Актерската екипа Ралф Фајнс, Стенли Тучи, Џон Литгоу и Изабела Роселини ја освоија наградата САГ за филмот „Конклава“, кој ја раскажува приказната за интригите во Ватикан поради изборот на измислен папа.
„Ја препознаваме најголемата важност на (заедницата) во нашата работа и во светот“, рекол Фајнс. „Тоа е она што го славиме вечерва“.
Интересно е што „Конклава“ наградата ја доби токму во моментот кога сегашниот папа се бори за живот, поради тешко воспаление на белите дробови.
„Многу сме загрижени за нашиот папа. Го сакаме овој папа“, изјави актерката Изабела Роселини за новинарите по доделувањето на наградите САГ.
Овој филм е и еден од најголемите фаворити кога се во прашање овогодинешните Оскари, а веќе ја доби и наградата БАФТА која ја доделуваат холивудските продуценти и режисери.
Наградата САГ за најдобар актер отиде во рацете на Тимоти Шаламе за улогата во биографскиот филм за Боб Дилан „Целосно непознат“ (A Complete Unknown), додека Деми Мур ја доби наградата за најдобра актерка за улогата во филмот „Супстанцијата“.
Наградите за споредна машка и женска улога отидоа во рацете на Киеран Калкин за „Вистинска болка“ и Зои Салдана за „Емилија Перез“.
Серијалот „Само убиства во зградата“ ја освои наградата за најдобар ансамбл во хумористична серија за ѕвезди како Селена Гомез, Мартин Шорт и Стив Мартин.