МУ ГИ СМЕНИЛ ЛИРИТЕ СО 3.550 ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА Турски државјанин бил измамен во Штип
Според пријавеното, по претходен договор, на 18.02.2025 на студент од Република Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра, се вели во полицискиот билтен.
Парична измама се случила во Штип кога 47-годишник од Република Турција, кој е со живеалиште во градот добил 3.550 фалсификувани евра од друго лице во замена за исплата на 134.851 турски лири кон студент од Република Турција кој престојувал во градот, информираше штипската полиција.
„На 19.02.2025 во СВР Штип, 47 – годишник од Република Турција, со живеалиште во Штип, во СВР Штип пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.550 евра. Имено, според пријавеното, по претходен договор, на 18.02.2025 на студент од Република Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра“, се вели во полицискиот билтен.
Како што е пријавено, откако ги земал парите, се посомневал во нивната исправност и ги проверил во менувачница во Штип, каде што му било потврдено дека се фалсификат.
Исто така, според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето кое му ги дало парите и откако негирало дека му дало фалсисификат евра, тој со својот адвокат го пријавил случајот.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Штип.