🎥 АВИОН СЕ ПРЕВРТЕ НА ПИСТА ВО ТОРОНТО Нема загинати, 18 патници се повредени

Авион на „Делта ерлајнс“ се преврте синоќа при слетувањето на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, соопштија официјални лица. Авионот пристигнал од Минеаполис, и во него имало околу 80 патници.

270

Осумнаесет лица се префрлени во локалните болници по авионската несреќа на аеродромот во Торонто, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на аеродромот Тод Аиткен.

-Пистата беше сува и немаше страничен ветер – рече тој, додавајќи дека Одборот за безбедност на транспортот се уште ги истражува причините за инцидентот.






Во авионот имало 22 Канаѓани, а останатите се странци, изјави за новинарите Дебора Флинт, главната извршна директорка на управата за аеродроми во округот Торонто.

Според нејзините информации, повредените брзо се пренесени во болници и никој од нив не е во критична состојба.

Претходно беше соопштено дека три лица се тешко повредени меѓу кои и едно дете.

Две од пистите на аеродромот остануваат затворени и се очекуваат одложувања во наредните денови.

Авион на „Делта ерлајнс“ се преврте синоќа при слетувањето на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, соопштија официјални лица. Авионот пристигнал од Минеаполис, и во него имало околу 80 патници.

Патниците, кои носеле појаси, останале да висат на седиштата.
Канадски и американски истражители учествуваат во истрагата чија цел е да се утврди како се превртел авионот.
Во рок од две минути, авионот се превртел. Пожар избувнал во делот од трупот каде што се наоѓа моторот, а авионот удрил во пистата, изјавиле за Си-Ен-Ен патниците Џон Нелсон и Питер Куков.

Куков рече дека „не знаел дека ништо се случува“ додека авионот не удрил во земјата.

-Кога се беше готово, јас бев наопаку, а исто така и сите други. Се обидовме да избегаме што е можно побрзо – рече Нелсон.

Тој додаде дека откако излегол од авионот дошло до нова експлозија, но „за среќа пожарникарите веќе биле тука“.

Поврзани содржини