НА ФИЛИПЧЕ ДОБРИ МУ СЕ И КОЦЕВСКИ И ГРБОТ Шефот на СДСМ ја обвини власта за партизација

Лидерот на СДСМ смета дека смената на актуелниот републички јавен обвинител е партизација спроведена од власта. Филипче рече и дека СДСМ ќе реагира на можната смена на државниот грб велејќи дека актуелниот грб ги отсликува карактеристиките на македонското поднебје.

473

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека не треба да се отстрани републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски од чело на Републичкото јавно обвинителство и рече дека најавата на Владата за интерпелација на Коцевски е партизација.

– Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Апсолутно, сè што отстапува од агендата за раст, не е реформа. Замена на едни луѓе со други не е реформа, туку ризик за партизација – рече Филипче.






Тој рече и дека „ако сега се направи упад во системот, тогаш целокупниот реформски процес за членството во ЕУќе се одложи за шест години“, оценувајќи го потегот на власт како ад-хок решение.

Лидерот на СДСМ исто така најави дека СДСМ ќе се спротивстави на можната промена на актулениот државен грб, нешто за кое премиерот Мицкоски потврди дека било зборувано во владината коалиција.

Според Филипче актуелниот грб ги отсликува карактеристиките на македонското поднебје.

– Ние сметаме дека државниот грб e сосема соодветно, прво хералдички ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и придобивките од Народноослободителната и антифашистичка војна. Нема никаква поделба во однос на етнички групи и доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб.

За првиот човек на СДСМ промената на државниот грб е уште еден од низата ненајавени и испланирани предлози на ВМРО-ДПМНЕ, што се повторува од претходно.

– Тоа е еден предлог што сега се повторува. Да потсетам дека тој предлог беше на маса пред повеќе години за време на минатата влада, кога беа во коалиција заедно со ДУИ. Тогаш беше дел од еден пакет на мерки што требаше да се донесе. Конкретно сметам дека првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со Вреди, давајќи го овој предлог за измена на државниот грб, не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори – рече Филипче.

 

Поврзани содржини