ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН ДРЖАВНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЉУПЧО КОЦЕВСКИ Владата го задолжила Министерството за правда да поднесе иницијатива

Според Законот за јавното обвинителство, републичкиот обвинител го избира и го разрешува Собранието, а го предлага Владата и тоа од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

857

Владата на денешната седница го задолжила Министерството за правда да поднесе иницијатива за разрешување на Државниот јавен обинител Љупчо Коцевски.

Според Законот за јавното обвинителство, републичкиот обвинител го избира и го разрешува Собранието, а го предлага Владата и тоа од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.






Мандатот на републичкиот обвинител трае 6 години.

Љупчо Коцевски беше избран за републички јавен обвинител пред една година.

Премиерот Христијан Мицкоски досега повеќе пати го обвини Јавното обвинителство дека не си ја работи работата и дека кога органите на прогон требало да преземат мерки за гонење на некој функционер, обвинителите добивале дијареа и висока температура. Премиерот неодамна рече и дека имаат мнозинство во Собранието да го сменат обвинителот Коцевски.

Поврзани содржини