ОБВИНИТЕЛКАТА НАТАША КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЌЕ РАКОВОДИ СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ХАЈРУЛАХИ Одлуката е донесена по предлог на Коцевски

Хајрулахи е оддалечен од функцијата поради тоа што против него се води кривична постапка, а истовремено е поднесен предлог за дисциплинска постапка поради неправилности во работењето.

1,322

Советот на јавни обвинители едногласно ја назначи обвинителката Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, поради оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Одлуката беше донесена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој нагласи дека Крстевска Цалева ги исполнува сите услови за раководење со Обвинителството.






Хајрулахи е оддалечен од функцијата поради тоа што против него се води кривична постапка, а истовремено е поднесен предлог за дисциплинска постапка поради неправилности во работењето.

Поврзани содржини