ЦРВЕНОТО ЗА ВОЗАЧОТ, ЗЕЛЕНОТО ЗА ФРОСИНА ЈА КРЕВА КРИВИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ Обвинителот Бубевски вели дека квалификацијата за делото влегува во умисла

Постапката што се води против обвинетиот за ова кривично дело е проширена за да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока во која што му е овозможено на тоа лице да има средство кое што предизвикува општа опасност, изјави обвинителот.

1,224

Утврдено е дека се работи за црвено светло за возачот, односно зелено за жртвата. Тоа ја подигнува кривичната одговорност кај возачот и влегува во умислено постапување, со оглед дека се работи за пешачки премин, рече Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО Скопје, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

– Овде умислата се подразбира, затоа што за да постои умисла, треба сторителот со своите дејствија да е свесен за своите дејствија или за своите недејствија што бил должен да ги преземе, но се согласил со последицата. Овде многу лесно може да се заклучи дека возењето под дејство на алкохол, возењето со брзина која што е поголема од дозволената, таа е предмет на вештачење, но и со другите факти, веќе умислата е издефинирана. Затоа што стигнуваш на пешачки премин, каде што е црвено и тука веќе се согласуваш со последицата која што може да настане. И тука веќе нема место за друга правна квалификација во однос на овој дел – вели Бубевски.






Тој истакна дека обвинителството во моментот ги прибира сите докази.

– За различни случаи се прибираат различни докази. За конкретниот се прибираат видеоматеријалот, контактирано е вешто лице. Тој си има сопствен софтвер, кој е лиценциран и тој ќе каже која е брзината на движење, како се случила сообраќајката и на крај ќе даде целосен, соодветен наод за тоа се случило – рече Бубевски.

Обвинителот информираше дека постапката е проширена и кон родителите и дадени се соодветни наредби до Министерството за внатрешни работи да ги испитаат околностите како што се кој му давал средства за бензин во возилото, од кога е возилото, кој го употребува. Тој рече дека би подлегнало на одговорност тоа што на обвинетиот му се пружило средство за предизвикување општа опасност.

– Постапката што се води против обвинетиот за ова кривично дело е проширена за да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока во која што му е овозможено на тоа лице да има средство кое што предизвикува општа опасност – изјави Бубевски.

Поврзани содржини