„СЕ РАЗБИРААТ ВО ПОЛИТИКА КАКО ЈАС ВО ПОДГОТОВКА НА ХРАНА“ Вучиќ им се обрати на оние што држеа говори на протестите во Нови Сад
Веднаш сфатив дека ја разбирам подготовката на храната исто толку како што во политика се разбираат оние што држеа говори во Нови Сад, напиша српскиот претседател на својот профил на Инстаграм.
„Во подготовка на храна се разбирам исто како што во политика се разбираат оние што држеа говори во Нови Сад“.
Вака напиша на Инстаграм српскиот претседател Александар Вучиќ под своја фотографија од кујната на Претседателството.
„Се симнав во кујната овде во Претседателството да им помогнам да го подготват денешниот ручек. Веднаш сфатив дека ја разбирам подготовката на храната исто толку како што во политика се разбираат оние што држеа говори во Нови Сад. Денеска има мучкалица, но без гибаница нема ништо“, објави Вучиќ на социјалните мрежи.
Вучиќ исто така денска испрати отворено писмо до Ректорскиот колегиум на Универзитетот во Белград уште еднаш повикувајќи на дијалог за исполнување на четирите студентски барања. Во писмото Вучиќ вели дека е потребно да се изнајде решение за блокирањето на наставата на факултетите која е во тек.
View this post on Instagram