📷 🎥 ИВАНКА ТРАМП НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА СВОЈОТ ТАТКО ПРИСТИГНА ВО ЗЕЛЕНО Таа носеше чанта вредна 5.660 евра
Пред инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера се одржа миса, која претходи на тој чин. Во црквата, која се наоѓа во близина на Белата куќа, присуствуваше и ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп.
Пред вчерашната инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп, прво се одржа миса, која претходи на тој чин. Во црквата, која се наоѓа во близина на Белата куќа, присуствуваше и ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп.
Иванка носеше темно зелен комплет со палто на врзување околу половината. На главата имаше беретка во истата боја, а во раката носеше чанта од „Диор“. Како што пишува „Дејли мејл“, станува збор за чанта „Black Cannage Grained Calfskin“, која се продава за 5.900 долари (5.660 евра).
Ivanka Trump attends the inaugural ceremony with her family.
— Geopolitics Observer 🌐 (@Geopoliticsob) January 20, 2025
Таа беше придружувана од својот сопруг, претприемачот Џаред Кушнер и нивните три деца – ќерката Арабела Роуз и синовите Џозеф Фредерик и Тео Џејмс.
Иванка присуствуваше на вечерата ден пред инаугурацијата, каде се дружеше со Илон Маск и Џеф Безос.
View this post on Instagram
Идниот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија беа меѓу првите кои пристигнаа во црквата. Тие беа придружувани од нивниот син Барон и нивното пошироко семејство. Меланија го привлече вниманието со стајлинг кој вклучуваше црна шапка која го криеше нејзиното лице.