📽️ ВЕРЕНИЦАТА НА БЕЗОС СЕ ПОСРАМОТИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА Лорин Санчез беше комплетна спротивност на Меланија!
Како да не беше доволно што вереницата на Џеф Безос отскокнува од строгиот дрес-код, на интернет прошета и снимка од Марк Закерберг, газдата на Фејсбук, кој фрли едно око кон нејзиното деколте.
На социјалните мрежи нашироко се коментира еден детал од инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп која ја следеа милиони луѓе ширум светот. Белиот корсет со отворено деколте кој го носеше вереницата на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, беше во тотална спротивност со стриктниот дрес-код на вечерта.
„О, боже, Лорин Санчез дојде во бела четка“, гласи еден од илјадниците коментари што кружат на интернет за изгледот на Лорин Санчез.
Како ова да не беше доволно, на интернет прошета и снимка од Марк Закерберг, газдата на Фејсбук, кој фрли едно око кон деколтето на Санчез.
Oops, I did it again! 😂
Zuckerberg taking a sneak peek at the … ehmm… wristwatch of Lauren Sanchez, Jeff Bezos’ fiancée.
— Muse (@xmuse_) January 20, 2025
За споредба, новата прва дама на САД, Меланија Трамп зрачеше со елеганција во своето скапо морнарско палто и црна капа со бела летна, со бел шал околу вратот.
Со ваков кодекс на облекување, не е ни чудо што модното издание на Лорин Санчез се смета за скандалозно.