ЈА ЛАЖЕЛЕ ДЕКА ЌЕРКА Ѝ ПРЕГАЗИЛА ДЕТЕ Скопјанка им дала 130.000 денари на непознати лица
Лицата ѝ реклe дека треба да им плати 130.000 денари за да ја ослободи ќерка си која, наводно, прегазила дете и треба да оди во затвор.
Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари. Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице, кои ѝ кажале дека дека нејзината ќерка предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете и треба да оди во затвор. Парите требало да им ги даде за да ја ослободи ќерката.
Како што соопшти МВР, С.Р. го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Таа истиот ден околу 14:00 часот примила телефонски повик и се договориле со сторителите на подрачјето на Драчево да им предаде 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.