📽 МАЈКА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ДЕТЕТО СИ ГО ФРЛИЛА ВО САВА Голема потрага во Загреб со дронови и со чамци

„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, жена со дете во рацете влегла во реката, и е укажана лекарска помош, додека се вршат интензивни мерки за да се пронајде детето“, соопшти полицијата.

674

Полицијата во Загреб врши интензивна потрага по дете кое како што изјавила неговата мајка, со неа влегло во реката Сава. Таа самата се јавила во полиција за да пријави дека детето го фрлила во реката и дека тоа се удавило, јавува „Јутарњи лист“.

Огромна потрага со дронови и чамци е организирана покрај брегот на реката Сава, од мостот Јанкомир низводно, каде што се распоредени бројни полициски и други служби за итни случаи.






„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, жена со дете во рацете влегла во реката, и е укажана лекарска помош, додека се вршат интензивни мерки за да се пронајде детето“, соопшти полицијата.

Доколку се потврдат нејзините наводи дека го убила тригодишното девојче, жената кривично ќе одговара за убиство на дете.

Инаку, во тек е потрага по тригодишно девојче, неофицијално дознава РТЛ.

 

Поврзани содржини