🎥 МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СТАНЕ ТЕХНОЛОШКИ ЛИДЕР, А НЕ ФАБРИКА ЗА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА Ангел Анѓушев нуди интересни решенија за раст на економијата на земјата

Оперативниот директор на „Грин машинс“, Ангел Анѓушев, ги сподели искуствата од своето школување на универзитетите во Германија и во Австрија, предностите да се открие како функционираат и како се организирани поразвиените општества и економии, а со извозот на „Грин машинс“ низ целиот свет, се добива увид и во работните навики во други култури, од каде што секогаш може да се земе добар пример за дома.

3,457

„Македонските фирми треба да целат кон тоа повеќе да произведуваат производи со висока технологија и повисока додадена вредност во нив бидејќи така ќе имаат и подобра заработка, ќе има и за подобри плати за вработените и за поредовно плаќање даноци кон државата“.

Ова го изјави Ангел Анѓушев во поткастот на Стопанската комора со Бранко Азески.






Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ на „БРАКО“, смета дека тоа е рецептот за развој на економијата во Македонија и дека земјава не би требало да се нуди само како место каде што има евтина работна сила.

Ангел Анѓушев ги сподели искуствата од своето школување на универзитетите во Германија и во Австрија, предностите да се открие како функционираат и како се организирани поразвиените општества и економии, а со извозот на „Грин машинс“ низ целиот свет, се добива увид и во работните навики во други култури, од каде што секогаш може да се земе добар пример за дома.

Иако по одлука на неговиот татко, Ангел ја почнал својата работа во „БРАКО“ во натешкиот дел од фабриката, според него, а тоа е производството на жица и жичени производи, вели дека тоа било значајно и корисно искуство за него како машински инженер, додека, пак, денес е оперативен директор на технолошки најнапредниот дел од фабриката, програмата за производство на возила за чистење на водороден, електричен и класичен погон.

Во овој контекст, во однос на енергетската транзиција, Ангел Анѓушев смета дека таа треба да се реализира правилно, меѓу другото и со инвестирање во напредни технологии кои треба да го направат животот на луѓето подобар, давајќи ги за пример електричните и водородните возила за чистење на „Грин машинс“ кои одржуваат хигиена во урбани средини со нула загадување од нивното работење.

Ангел Анѓушев во поткастот зборуваше и за традицијата за наследување семејни имиња, за своите претци кои биле претприемачи уште пред еден век, како и за општествената одговорност на компаниите „Фероинвест“ и „БРАКО“ денес преку помагање во спортот, образованието, здравството, во верските објекти итн.

Поврзани содржини