📽️ „ДРУГАР, ВАЖНО ТИ ДА СИ ЗГОДЕН ДОДЕКА ГРАДОТ НИ ГОРИ“ Жителите на Лос Анџелес збеснаа на „патетичениот“ и „нарцисоиден“ ТВ водител поради штипка на јакната
Жителите го нарекуваат „патетичен“ и „нарцисоиден“, како и дека се гледа кои се неговите приоритети, а не зошто е испратен на работа.
Дејвид Муир (51), водителот на ABC News, е цел на потсмев на социјалните мрежи, каде што го нарекуваат „патетичен“ и „нарцисоиден“ затоа што користел штипки за да ја држи својата пожарна јакна додека известувал од местото на катастрофалните пожари во Лос Анџелес.
„Њујорк пост“ пишува дека Муир го прикажувал огнот опустошениот кварт Пацифик Палисадес, кога камерата го покажала она што тој веројатно не го сака.
– Како што можете да видите овде зад мене… – вели Муир, свртувајќи се кон остатоците од куќите, а во тој момент на задниот дел од јакната јасно се гледа дрвена штипка за алишта.
Тој ја искористил за да му ја затегне јакната за подобро да му стои.
„Убава јакна, брат. Мило ми е што изгледате убаво и витко со тие штипки додека нашиот град гори до темел“, напиша на социјалните мрежи Џек Озборн, син на хеви метал пејачот Ози Озборн.
Nice Jacket Bro. Glad you look nice and svelte with those clothes line pegs, while our city burns to the ground. @elonmusk pic.twitter.com/bGQ3zvF6lr
— Jack Osbourne (@JackOsbourne) January 9, 2025
Ниту другите не го поштедија Муир, нарекувајќи го нарцис.
„Ви покажува кои се неговите приоритети… тој е дефинитивно момчето во теретана што не може да престане да се загледува во огледало“, напиша еден корисник X.
Некои најдоа логично објаснување.
„Тоа е всушност паметно. Ветерот дува и јакната не му трепка. Не ми се допаѓа премногу, но тоа е добар трик“, напишал друг корисник.
Во негова одбрана излегоа некои негови колеги водители кои изјавија дека и самите често си „си помагаат“ со штипки на терен.