НАПАЃАЧОТ ОД ЛАС ВЕГАС ГО КОРИСТЕЛ ЧАТ ГПТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА НАПАДОТ Што пребарувал на интернет?
Сè уште се испитуваат лаптопот, мобилниот телефон и часовникот на 37-годишниот Ливелсбергер кој пукаше во себе пред да експлодира камионот.
Одликуваниот американски војник Метју Ливелсбергер, кој загина во експлозија на „Тесла сајбертрак“ пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, користел генеративна вештачка интелигенција, вклучително и „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) во планирањето на нападот, соопшти полицијата во Лас Вегас.
Сè уште се испитуваат лаптопот, мобилниот телефон и часовникот на 37-годишниот Ливелсбергер кој пукаше во себе пред да експлодира камионот. Тој на интернет барал информации за експлозиви, за одредена муниција и дали огнометот е легален во Аризона.
Во експлозијата полесно се повредени 7 луѓе, но не e оштетен хотелот „Трамп Интернешнл“.
Полицијата соопшти дела Ливелсбергер дејствувал сам. Во неговите белешки пронајдено е дека САД „се смртно болни и оти се движат кон колапс“.