МУ РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ ЈА КУПАТ ПАРЦЕЛАТА ПО ПОЛОВИНА Тетовец измамен за 34.000 евра

Оштетениот жител на тетовско село пријавил дека тој и лицето Х.С. усно се договориле да купат по половина од парцела која наводно чинела 74.000 евра, по што на Х.С. му дал 34.000 евра за неговиот дел и заминал во странство.

985

Жител на тетовско село вчера пријавил дека во текот на 2021 година бил измамен од лицето Х.С. при купување на недвижен имот на место викано Шипковичко Теќе, кое било сопственост на Ш.И.(79) од село Шипковица, тетовско.

„Според пријавеното, тие усно се договориле да купат по половина од парцела која наводно чинела 74.000 евра, по што му дал 34.000 евра за неговиот дел и заминал во странство. Како што е пријавено, после еден месец телефонски бил известен дека сè е средено и платено, а откако се вратил во државата Х.С. не му дал никакви документи со образложение дека сè било платено на рака“, соопшти  Министерството за внатрешни работи.






Оштетениот во пријавата вели дека во имотниот лист забележал дека купопродажниот договор бил склучен на 20.09.2021 меѓу сопственикот на земјиштето и Х.С. за износ од 3.000 евра.

После тоа, според пријавата, тие на нотар се договориле Х.С. да му ги врати парите и да му подари дел од парцелата што сега му припаѓа нему, но тој ниту му ги вратил парите, ниту му го префрлил неговиот дел од парцелата.

Поврзани содржини