ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ КАЧИ НА ДРВО ВО ДЕБАР МААЛО ИМАЛ ПСИХИЧКИ НАРУШУВАЊА Полицијата два часа се oбидувала да го симне

Убедувањето меѓу полицијата и осомничениот траело речиси два часа, објавија денеска медиумите.

713

Полицијата попладнево објави дополнителни информации за инцидентот во кој осомничен бегалец од полицијата, во обид да им побегне на полицајци, се качил на дрво високо 15 метри во скопската населба Дебар Маало.

МВР попладнево соопшти дека вчера во 15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Благој Давков“ било забележано машко лице, најверојатно со психички нарушувања, кое тропало по вратите на становите и вознемирувало станарите.






„Веднаш биле испратени полициски службеници на терен, а кога осомничениот ги забележал, се качил на дрво на висина од 15 метри. По некое време, се симнал доброволно“, пишува во полицискиот билтен.

Убедувањето меѓу полицијата и осомничениот траело речиси два часа, објавија денеска медиумите.

Според МВР, човекот имал иницијали Д.Б., а по укажаната медицинска помош на самото место од екипа на итната помош, тој бил пренесен во здравствена установа.

Поврзани содржини