📽 СЕ УРНА ТРИКАТНА ЗГРАДА ВО ХАГ Разорна експлозија, се трага по заробени под уранитините

872

Најмалку 20 луѓе останаа заробени во урнатините откако силна експлозија уништи трикатна станбена зграда во населбата Маријахоев во холандскиот град Хаг.

Експлозијата се случила утринава во 6:15 часот, по што избувнал пожар и делови од зградата се урнале, а пет до седум станови биле целосно уништени, пишува „Ан-Ел Тајмс“ (NL Times).






Поради големиот облак од чад, граѓаните во околните згради беа повикани да ги затворат прозорците и вратите и да ја исклучат вентилацијата.

Досега најмалку четири лица се спасени и пренесени во блиските болници.

Експлозијата предизвика сериозна штета и на околните згради, а неколку улици во областа беа затворени од безбедносни причини.

Истрагата за причините за експлозијата е во тек.

 

Поврзани содржини