ВМРО-ДПМНЕ НЕ ДАВА ПОДДРШКА НА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ ЗА 0 ДЕНАРИ ДДВ НА ОСНОВНАТА ХРАНА Со лажна грижа нудат решенија без ефект

Претходната власт го покачи ДДВ на над 2.000 прехранбени производи, а сега бараат намалување, рече денеска пратеничката Драгана Бојовска, додавајќи дека ако СДСМ навистина сакаат да им помогнат на граѓаните, единствено што треба да направат е да гласаат за Буџетот за 2025 година. Бојковска им порача на социјалдемократите дека доколку сакаат навистина да им помогнат на граѓаните, единствено што треба да направат е да гласаат за Буџетот за 2025 година.

548

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да го прифатат законското решение поднесено од СДСМ за нула денари ДДВ на основната храна, бидејќи е несериозно и не решава ниту еден проблем, соопшти денеска пратеничката од владејачкото мнозинство Драгана Бојковска.

– Напишано брзоплето, без никаков аргумент и економска логика, што впрочем можеше да се види и од излагањето на колешката Јована Тренчевска. Истите оние што ја разурнаа македонската економија и што животниот стандард на граѓаните го донесоа на дното, сега со лажна грижа нудат решенија што не можат да го подобрат животот на луѓето. Нов ден, ново економско промашување од партијата на богаташот од Дубаи. Најверојатно на пауза во хотелот „Хилтон“ во Дубаи ја добиле идејата да поднесат законско решение коешто и самите четирипати го отфрлија во минатиот мандат – вели Бојковска.






Таа потсети дека претходната власт го покачи ДДВ на над 2.000 прехранбени производи.

Бојковска им порача на социјалдемократите дека доколку сакаат навистина да им помогнат на граѓаните, единствено што треба да направат е да гласаат за Буџетот за 2025 година.

– За повисоки плати на сите работници, за 5.000 денари повисоки пензии за сите пензионери, за реализација на четири нови автопати, за повисок студентски оброк, за реконструкција на студентските домови, за ваучер од 250 евра за секој студент, за рекордно висока сума на капиталните инвестиции. Имаме конкретен план кој дава резултати – рече Бојковска.

Пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска денеска на прес-конференција во Собранието истакна дека со усвојувањето на нивниот предлог-закон за укинување на ДДВ на основните прехранбени производи, граѓаните ќе може да заштедат до 2.000 денари месечно. Таа посочи дека со законското решение се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ ќе се намали од 5 проценти на нула.

– Тоа ќе даде реален ефект и вистински ќе ги намали малопродажните цени на прехранбените производи, со што ќе се намали и вредноста на потрошувачката кошница. Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, што значи ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и на состојбата на семејните буџети – рече Тренчевска.

Таа смета дека од законското решение бенефит ќе имаат граѓаните, а компаниите воопшто нема да бидат оптоварени.

Тренчевска ја повика пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати нивното решение, затоа што, како што рече, нема ниту еден аргумент зошто би биле против оваа мерка.

Поврзани содржини