ВАСКО САЗДОВСКИ Е ЗАГИНАТИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО НОВИ САД Продолжува идентификацијата на жртвите во страотната несреќа

6,009

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад.

Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина во несреќата кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.






Во соопштението на српското обвинителство во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В..

Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија српските медиуми:

Васко Саздовски од Македонија – непозната возраст
Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќе
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.

Идентификацијата на преостанатите жртви продолжува, а надлежните органи работат на истрагата за утврдување на причините за несреќата.

 

Поврзани содржини