ПОРАНЕШНОТО РАКОВОДСТВО НА МЕПСО ИСЦРТАЛО ШЕМА ЗА ИСПУМПУВАЊЕ ПАРИ Кој го уценил „Далековод АД Загреб“?

МЕПСО, кое доставило модел договор до добавувачите и кое барало тој да биде претходно прифатен, откако „Далековод АД Загреб“ го добива тендерот, дозволува измена и дополнување на договорот. Во договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде „Шанси инвест“ од Албанија, а не „Далековод АД Загреб“ кој всушност е и производител на опремата, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

555

„Раководството на МЕПСО, од СДСМ и од ДУИ, при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од речиси 10 милиони евра, ин флагранти исцртало шема како ги испумпувало парите“.

Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција.






– На вчерашната прес-коференција кажавме дека претпријатието „Далековод АД“ од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од албанската фирма, параван за испумпување на парите – изјави Петрушевски.

Дали МЕПСО, под раководство на СДСМ и на ДУИ, прашува Петрушевски, ја поставило „Шанси инвест“ од Албанија како фирма од која тие требало да ги поделат провизиите?

– МЕПСО, кое доставило модел договор до добавувачите и кое барало тој да биде претходно прифатен, откако „Далековод АД Загреб“ го добива тендерот, дозволува измена и дополнување на договорот. Во член 9 од договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде „Шанси инвест“ од Албанија, а не „Далековод АД Загреб“ кој всушност е и производител на опремата. Дополнително наведено е дека „Шанси инвест“ ќе биде доставувач на авансната и на сите други фактури до МЕПСО – додаде Петрушевски.

И студент од прва година, на правен или на економски факултет, вели тој, ќе сфати дека „Шанси инвест“ до МЕПСО доставува фактура, си ја наплаќа провизијата, а потоа му исплаќа на производителот „Далековод АД Загреб“ за опремата.

– Го повикуваме Јавното обвинителство (ЈО) да отвори случај. „Далековод АД Загреб“ можел сам да се јави на тендерот, зошто не го сторил тоа и дали за тоа бил уценет и од кого? ЈО мора да го истражи овој случај. Утре продолжуваме со нови детали за оваа скандалозна набавка – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини