92-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ ПРЕГАЗИЛ ТРОЈЦА ПЕШАЦИ Сите четворица завршиле во болница

393

Вчера околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Жеровјане патничко возило „венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.Ф.(92) од с. Жеровјане, удрило во пешаците И.С.(65) и О.С.(69) од с. Жеровјане и М.З.(66) од с. Теново, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини