📷 ЛУЃЕТО ШОКИРАНИ ОД ИЗГЛЕДОТ НА ЅВЕЗДАТА НА „БЕВЕРЛИ ХИЛС“ „Премногу пластични операции, изгледа страшно“

Тори Спелинг (51) која ја толкуваше улогата на Дона Мартин во серијата Беверли Хилс 90210, сподели нова фотографија на Инстаграм и ги изненади следбениците. Тори има направено голем број пластични операции низ годините.

502

Тори Спелинг (51) која ја толкуваше улогата на Дона Мартин во серијата Беверли Хилс 90210, сподели нова фотографија на Инстаграм и ги изненади следбениците. Тори има направено голем број пластични операции низ годините.

Така, нејзината прва операција се случила кога имала само 16 години, кога го оперирала носот.






Подоцна признала дека ги зголемила градите и усните, а со текот на времето се шпекулираше за дополнителни процедури, вклучително и употреба на ботокс и филери.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TORI SPELLING (@torispelling)


Изминатиов викенд, Тори привлече големо внимание на настанот „Холивудско шоу“, каде потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите заедно со нејзините колеги Брајан Остин Грин и Иан Зиринг. Таа позираше во фармерки и топ, но токму нејзиното лице привлече најголемо внимание. Многумина го забележале и нејзиното слабеење.

„Тори изгледа страшно“, „Не сакам да критикувам, но изгледа нездраво“, „Премногу пластични операции“, се само дел од коментарите.

Што се однесува до нејзината фигура, таа во јули призна дека користела лекови за дијабетес за да ослабе, што лекарите вообичаено не го препорачуваат. Таа се осврна и на деформацијата на градниот кош што предизвика вдлабнатина во пределот на дојката.

Тори е ќерка на познатиот холивудски продуцент Арон Спелинг, кој продуцираше голем број хит серии, меѓу кои и „Беверли Хилс, 90210“. Потоа, таа продолжи да работи на различни филмови и ТВ проекти, често во комедии или драми.

 


Освен по глума, позната е и по пишувањето мемоари и книги за родителство. Таа напиша неколку книги, меѓу кои и „Раскажување приказни“ (2008), која стана бестселер на „Њујорк тајмс“ и „Момивуд“ (2009 година), каде што ги споделува своите искуства од одгледувањето деца во Холивуд.

Во подоцнежните години, Тори се појави во голем број реални шоуа, вклучувајќи ги и „Tori & Dean: Inn Love и „True Tori“, во кои беше прикажан нејзиниот личен живот, вклучувајќи го и нејзиниот брак со актерот Дин Мекдермот и нивните финансиски проблеми.

 

 

Поврзани содржини