ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ Приведени се петмина кои дивееле во Аеродром

Во Скопје денеска во 01.10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле лицата М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29), сите од Скопје, и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, бидејќи во 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнало полициски службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

290

Петмина се приведени во неделата, во 1.10 часот, поради нарушување на јавниот ред и мир во подрачјето на општина Аеродром и поради агресивно однесување кон полицајци.

„Во Скопје денеска во 01.10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле лицата М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29), сите од Скопје, и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, бидејќи во 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнало полициски службеник“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).






МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани содржини