НЕМА ДА СМЕЕ НИ ГЛУВЧЕ ДА ПРЕТРЧА Општина Аеродром во битка против глодарите!

Во текот на акцијата ќе бидат третирани вкупно 3.000 шахти со 9.000 мамци, со цел да се елиминираат потенцијалните живеалишта на глодарите.

750

Општина Аеродром презема активни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и започнува со есенската дератизација. Кампањата има за цел да ги уништи глодарите и да спречи ширење на болести кои тие ги пренесуваат.

Во текот на акцијата ќе бидат третирани вкупно 3.000 шахти со 9.000 мамци, со цел да се елиминираат потенцијалните живеалишта на глодарите. Особено внимание ќе се посвети на сите основни училишта и градинки на територијата на општината, за да се обезбеди безбедна и здрава средина за учениците и претшколците.






Есенската дератизација е редовна мерка која се спроведува двапати годишно, со цел да се спречи размножувањето на глодарите и да се одржи хигиената на јавните површини.

„Здравјето на нашите граѓани е наш приоритет. Со оваа акција сакаме да обезбедиме чиста и безбедна средина за сите, особено за најмладите. Апелираме до граѓаните да соработуваат со нас и да пријават секоја појава на глодари“, велат од Општина Аеродром.

Поврзани содржини