МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ БИЛО ИСТАКНАТО НА РАБОТНИОТ РУЧЕК Бугарскиот амбасадор ќе треба да објасни зошто истото го немало во кабинетот на Радев

Заедничка фотографија била планирана само во работните простории на Радев.

1,591

Македонското знаме било истакнато на работниот ручек кој претходеше на средбата меѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, велат извори од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Заедничка фотографија била планирана само во работните простории на Радев. За инцидентот кој следеше потоа, каде македонското знаме не беше истакнато во претседателскиот кабинет на Радев при посетата на Сиљановска Давкова, денеска на бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков ќе му биде врачена протестна нота.






Амбасадорот Радуков ќе биде примен од директорот на Директоратот за регионална соработка во министерството, како средба на пониско ниво. Од него ќе биде побаран одговор зошто македонско знаме не било истакнато и во Кабинетот на Радев.

 

 

 

Поврзани содржини