СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели дека не заслужува натамошно внимание
Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието – рече Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски не сака да им се посветува внимание на реакциите од бугарска страна поврзани со Ива Михаилова, девојката од Кочани која пребега во Бугарија како обвинета за сообраќајка со смртни последици.
– Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието и ваков тип на естрада што денеска ја гледаме таму, а е поврзана со фолклорот за нивните претседателски избори, не заслужува коментар и мислам дека треба и да ги игнорирате и вие како поединци – рече Мицкоски.
Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат на 25 октомври, а бегството на Михаилова се случи во текот на изборната кампања. Изјавата на Мицкоски доаѓа откако министерот за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев ги нарече македонски власти „српски“.
Бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков обвини за различен третман поради нејзината бугарска припадност. Ова беше причина и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија да повика на разговор претставник на амбасадата порачувајќи дека ваквите изјави се навредливи и провокација.