📷 ДОЖДОТ ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ СКОПЈЕ Километарски колони на Партизанска
Возачите се нервозни што не можат да стигнат навреме онаму каде што тргнале.
Дождливото време ги натера скопјани утрово на работа да одат со сопствени возила.
Сообраќајот на главните сообраќајници е закочен.
На булеварот Партизански одреди е направена километарска колона од возила.