3 УНИВЕРЗИТЕТИ ОД САД ВОДАТ НА ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА Ниту еден македонски универзитет не се проби меѓу најдобрите 1.000

Од регионот, Белградскиот универзитет се најде на позиција помеѓу 401-500 место, односно бележи пад од минатата година кога беше рангиран помеѓу 301-400 позиција. Универзитетот во Нови Сад се задржа на позиција помеѓу 901 и 1.000 место.

498

Организацијата „Шангај ранкинг консултанси“ („ShanghaiRanking Consultancy“) го објави академското рангирање на светските универзитети за 2024 година, познато како Шангајска листа.

На првото место повторно се најде Универзитетот „Харвард“, на второто место е Универзитетот „Стенфорд“, а на третото е Институтот за технологија „Масачусетс“ (МИТ). Сите три универзитети се САД.






И оваа година нема ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа.

Од регионот, Белградскиот универзитет се најде на позиција помеѓу 401-500 место, односно бележи пад од минатата година кога беше рангиран помеѓу 301-400 позиција. Универзитетот во Нови Сад се задржа на позиција помеѓу 901 и 1.000 место.

На позиција помеѓу 401-500 место се најде Универзитетот во Загреб, а Универзитетот во Љубљана помеѓу 501-600 место. На листата оваа година се најдоа 6 грчки универзитети.

Освен македонски, на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Бугарија и од Албанија.

Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година. Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во Академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.

 

Поврзани содржини