ДРАМА ПРЕД ПРИВАТНА БРЗА ПОШТА ВО ТЕТОВО Лица се заканувале со пиштоли, одзеле коверти со пари од комбе

При приведувањето кај едно од лицата, Х.Ш., бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

846

Во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(19) и Х.Ш.(22), двајцата од Тетово. Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма – брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи.

При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини