МУ ПРЕНЕЛ ЛИ ПАЈАЗИТИ ПОЗДРАВИ ОД АХМЕТИ НА РАМАДАНИ ДОДЕКА БИЛ ВО ЗАТВОР? Јаревски бара да се разреши судијата
Јарески упати и прашање до опозициските СДСМ и ДУИ дали знаеле за целата оваа операција на Пајазити и дали го поддржале планот.
Сè уште очекуваме одговорност за судијата Пајазит Пајазити за овозможување на бегството на Блерим Рамадани. Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен, рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
Тој јавно го праша Пајазити дали работи за државата или за Али Ахмети и дали добил налог од Ахмети да го овозможи бегството на Рамадани.
– Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДСМ е поддржувачи на истото? Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес? – праша Јаревски.
Тој рече дека има информација дека додека Блерим Рамадани кога бил во притвор неколку пати бил повикуван од Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и бил посетен во КПУ Затвор Скопје.
– Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека сѐ ќе се среди. За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир? – рече Јарески.
Тој упати и прашање до опозициските СДСМ и ДУИ дали знаеле за целата оваа операција на Пајазити и дали го поддржале планот.
– СДСМ да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ? – праша тој.