АРСОВСКА СЕ ПРЕМИСЛИ ПО СОСТАНОКОТ Градоначалничката најави изјава денеска, но ја закажа за утре
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за утре во 11 часот закажа прес-конференција.
Иако ја најави за денеска, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за утре во 11 часот закажа прес-конференција.
– Ќе имаме после изјави во градот – рече Арсовска пред да влезе во Владата на состанокот со премиерот Христијан Мицкоски.
На новинарско прашање дали денеска во Градот ќе биде изјавата, таа одговори потврдно.
– Да, денеска во Градот доколку нема заедничка изјава – додаде Арсовска.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференцијата по состанок истакна дека Владата сега е позагрижена од претходно.