📷 ТЕА ТАИРОВИЌ ВО ПРЕГРАТКА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ Фотографијата го „запали“ интернет, сите се прашуваат само едно

Младата српска пејачка Теа Таировиќ предизвика лавина од коментари кога објави заедничка фотографија со регионалната музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ.

730

Младата српска пејачка Теа Таировиќ предизвика лавина од коментари кога објави заедничка фотографија со регионалната музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ.

Теа сподели фотографија на која е во прегратка на Чолиќ, а во описот на истата стави срце и симболично круна, сигурно алудирајќи на тоа дека Чола е музички крал.






Таа не прецизираше каде се сретнале и се дружеле, а судејќи според неколкуте снимки на социјалните мрежи, станува збор за приватна прослава во Црна Гора. Двајцата биле ангажирани на прославата, а гостите ги распаметиле кога ги вкрстиле гласовите и заедно испеале дуетска песна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)


Меѓутоа, обожавателите веќе направија метеж на социјалните мрежи, бидејќи се шпекулише дека Чолиќ би можел да биде еден од нејзините гости на претстојните концерти во Арената во Белград.

„Ве молам кажете ми дека тој е гостин во Арена“, „Нешто се готви“, „Многу скапа фотографија“, „Можеби Чола ќе биде гостин во Арена и тоа сигурно ќе биде друг еден ден кога јас не одам“, „Чола гостин во Арена,  ви велам“, се само дел од бројните коментари.

Инаку, Теа и Здравко се познаваат одамна и имаат добар однос, па сè што посакуваат фановите не е невозможно, особено кога ќе се земе предвид дека Теа ги крие гостите за двата концерта што ќе ги одржи во белградска Арена.

 

Поврзани содржини