ТРАМП НЕМА ОГРАНИЧУВАЊА НА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ Мета нема дополнително да ги следи неговите објави

Трамп, кој треба да се соочи со актуелниот претседател Џо Бајден на претседателските избори во ноември, веќе нема да биде предмет на дополнителен надзор, соопшти Мета.

284

Компанијата Мета денеска објави дека ќе отстрани некои ограничувања на профилите на Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател и кандидат за нов претседателски мандат, Доналд Трамп.

Мета ги блокираше профилите на Трамп на неодредено време, откако тој ги пофали луѓето кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година. Компанијата му ги врати профилите на поранешниот американски претседател на почетокот на 2023 година, наведувајќи дека ќе ги следи неговите објави за можни прекршувања, што може да доведе до нов локаут од еден месец до две години.






„Трамп, кој треба да се соочи со актуелниот претседател Џо Бајден на претседателските избори во ноември, веќе нема да биде предмет на дополнителен надзор“, соопшти Мета.

Поврзани содржини