📷ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА Француски репрезентативци уапсени поради сексуална злоупотреба!

Инцидентот се случил додека фрнацуската рагби репрезентација била на јужноамериканска турнеја, двајцата француски репрезентативци се уапсени во Аргентина.

1,146

Јавноста во Франција беше шокирана откако рагбистите Оскар Јегу и Уго Урадо завршија зад решетки обвинети за сексуална злоупотреба.

Во моментот на апсењето, двајцата биле на јужноамериканска турнеја со француската репрезентација.






– Засега не ги знам деталите. Истрагата е во тек и доколку се потврдат наводите се работи за многу сериозна работа. Потпретседателот на синдикатот Жан-Марк Лерем и јас пристигнавме овде од Париз веднаш штом дознавме за овој случај – изјави претседателот на Францускиот рагби сојуз, Флоријан Грил.
Тој најостро го осуди срамниот потег на споменатите рагбисти.

– Повторувам, доколку се потврдат обвинувањата, однесувањето на овие играчи е спротивно на сѐ што е рагби – изјави Грил по пристигнувањето во Буенос Аирес.

 

Поврзани содржини