ТРАМП ТАЈНО ПРЕГОВАРА СО ПУТИН? Клучно е колку територија може да задржи Кремљ, пишува Политико

Медиумoт, повикувајќи се на двајца експерти за национална безбедност, објавија дека Трамп размислува за договор според кој НАТО ќе се обврзе да не се шири во Украина и Грузија и да преговара со Путин за „колку украинска територија може да задржи Москва“.

983

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп преговара со рускиот лидер Владимир Путин за тоа колку украинска земја Кремљ може да задржи за себе, пишува бриселски Политико.

Медиумoт, повикувајќи се на двајца експерти за национална безбедност, објавија дека Трамп размислува за договор според кој НАТО ќе се обврзе да не се шири во Украина и Грузија и да преговара со Путин за „колку украинска територија може да задржи Москва“. Трамп, исто така, очекува европските членки драматично да ги зголемат трошоците за НАТО кога тој ќе стане претседател. Покрај тоа, како што истакнаа експертите, Трамп наводно планира „радикална преориентација“ на НАТО.






– Малку е веројатно дека Трамп веднаш ќе го напушти НАТО, но дури и официјално да не ја напушти организацијата, тоа не значи дека НАТО ќе го преживее вториот мандат на Трамп непроменет – вели изворот.

Веднаш по пишувањето на Политика, официјален Кремљ објави дека претседателот Владимир Путин и поранешниот американски претседател „не учествуваат во дијалогот за Украина“.

Прес-секретарот на шефот на руската држава на Руската Федерација Дмитриј Песков, запрашан да ги коментира информациите што ги пренесуваат западните медиуми дека рускиот лидер и кандидатот на претстојните претседателски избори во САД наводно водат дијалог за услови за постигнување мир во Украина, накратко рече:

– Не е така.

Поврзани содржини